About
"Мостот се наоѓа на самиот пат кон малореканските села Лазарополе, Гари и Тресонче. Изграден е за време на владеењето на османлиите а според некои историчари истиот е лоциран на еден од краците на патот Виа Игнација. За причината поради која турците го изградиле мостот постојат многу приказни, од кои најпознатата вели дека тој е изграден во име на храброста на еден елен. Еленот кој при лов бил тешко ранет од страна на еден турски ага, и покрај смртните повреди успеал да ја прескокне Мала река и да пребега од спротивната страна. Согледувајќи ја храброста на ова животно како и неговата желба и борба за живот, агата наредил на истото место да се изгради мост во форма на Еленски скок. Мостот поврзувал неколку села од Мала река со Реканскиот и Дебарскиот регион а денес е споменик на едно време и е сведок на богатата историја на овој регион. Покрај мостот се поставени неколку клупи за одмор а за љубителите на планинарењето е маркирана планинарска патека до с. Сушица. Оваа патека од Сушица продолжува кон Галичник, Тресонче или Лазарополе а истата може да се помине и со велосипеди. При обиколката можат да посетите уште неколку музеи и културно историски објекти.
Времетраење: 4 до 6 часови
Price From
1.00
Contact
{}