• Добредојдовте во Националниот Парк Маврово
  • Јазик
    • English
    • Македонски
    • Shqip
    Македонски

Околината на с. Лазарополе

Activity Type

Пикник

About

Лазорополе е едно од највисоките населени места во Република Македонија, сместено на надморска височина од 1350 метри и како што ќе се уверите за време на вашата посета, тоа е една од најатрактивните туристички локации на Балканот. Овде можете да уживате во прекрасната природа и фантастичниот призор што се отвора насекаде околу вас и на најдиректен начин да се запоснаете со непроценливото културно историско богатство кое што претставува важен дел од македонското и севкупното цивилизациско наследство.
Лазарополе се наоѓа во Реканскиот регион, област која се протега помеѓу населените места Маврово, Дебар и Кичево, а на запад се граничи со Република Албанија. Заедно со соседните села: Гари, Тресонче, Селце, Росоки, Осој и Могорче го сочинуваат таканаречениот Малорекански подрегион кој ги опфаќа областите по теченијата на реките Мала Река, Тресонечка и Гарска Река како и дел од планината Стогово.

Според преданијата селото е формирано од доселеници кои потекнувале од Главино Село, најголемото мијачко село во минатото. Лазорополе настанало подоцна од другите мијачки села но постојано привлекувало нови мијачки доселеници што придонело за зајакнување на неговиот мијачки идентитет. Негувањето на мијачкиот идентитет и денес е присутно кај Лазоровци, не само како облик на традиција, туку како еден од најважните елементи на културното и историското богатство на Мијаците и Реканскиот регион, но воедно важен дел и од општомакедонскиот идентитет.

Во минатото главна стопанска гранка била сточарството, кое со оглед на традициите и природното опкружување, имало исконска вредност. Меѓутоа после втората светска војна сточарството е во континуирано опаѓање, што е последица на миграциските трендови. Во текот на седумдесетите години од минатиот век се отселува и последното семејство, со што лазарополе преминува од селска во туристичка населба.

Price From

1.00

Geo Location

 Show

Contact

{}

Мапа и локација