About
Се тргнува од месноста “Стапаров мост„ кај с. Велебрдо или преку патека која започнува некаде пред с. Битуше. Се пешачи по делумно обележана патека која е добро проодна и истата поминува низ борова шума која патувањето го прави посебно пријатно. Доколку пак одлучите да го скратите патот и да тргнете од новата патека пред с. Битуше, тогаш до ова место – до некаде може да стигнете и со џип а потоа пешки, за околу 20тина минути лесно одење. Се стигнува до местото каде што е изградена интересна планинарска куќичка која е поставена на 4 дрвја и е опремена со кревети за одмор како и со импровизирана тераса од каде што има убав поглед на целиот кањон на реката Радика . Местото нуди добри услови за одмор во планина и истото располага со клупи за седење и чешма со природна, ладна и чиста вода за пиење. Покрај другото учесниците на оваа планинарска активност можат да го разгледаат подножјето на планината Дешат како и да соберат некои видови на растенија и тревки со кои ова место изобилува. После одморот кај куќичката се тргнува по друга патека од самото место и се оди надолу по сртот на планината од каде што за 30 до 40 минути се стигнува над самите водопади а после тоа се слегува и во Дувскиот кањон. Исто така може да тргнете нагоре кон планинските патеки кои водат до Крчин.
Price From
1,200.00
About
Ледничкото езеро Локув е најниското глацијално езеро во Р.Македонија и според неговата местоположба претставува една вистинска туристичка атракција. Сместено во прегратките на Дешат планина на висина од околу 1568 м.н.в. е гордост на локалното население кое во негова близина има поставено неколку клупи за одмор, бачило, чешма со природна ладна вода за пиење и сл. До локалитетот се стигнува со пешачење во должина од 8 километри низ планина со обележани планинарски патеки. Има услови за тргнување од две локации и тоа од с. Битуше кај поранешната караула и с. Требиште. Постои можност да се изнајмат и коњи, а патеката е средно тешка и скоро преку целиот нејзин тек е прекриена со убава шума и ладовини. Патеката изобилува и со видиковци од кои убаво се гледа кањонот на реката Радика,манастирот св Јован Бигорски и други пејсажи. На самиот локалитет може да се ужива во прекрасниот изглед на ова малку познато и уште неоткриено(од страна на туристи) езеро во кое опстануваат неколку интересни форми на живот од кои најпознат е “Тритонот„, водоземец кој наликува на риба и жаба. Во близина на езерото е лоцирано и едно бачило во кое може да се проба тазе сирење попознато како Требишко сирење, и други млечни производи од ова поднебје. Интересно е што водата во езерото за време на летниот период е доста топла а оние туристи кои го посетуваат местото имаат можност да уживаат во водите на една ретка планинска плажа. Околу езерото има идеални места за излет, кампување и одмор во планина. Во близина на езерото на околу 30 до 40 минути пешачење можат да се посетат и неколкуте “планински очи„ (езерца со чиста бистра вода распослани на падините на планината). Исто така на овие места можат да се соберат голем број на чаеви и други растенија кои можат да се употребат за подготвување на природни лекови а како најпознато растение кое има совршен природен вкус и го има во големи количини е и боровинка ( ја има во повисоките делови од планината). Доколку тргнете од патеката од с. Битуше, може да ја посетите и првата партизанска печатница во центарот на селото. При последните биолошки истражувања на водата и околината на езерото, од страна на италијанските експерти се пронајдени повеќе специфични водови на растенија и инсекти што го прават овој локалитет посебно значаен.
Price From
1.00
Contact
{}
Contact