ВНИМАНИЕ – ИНФОРМАЦИИ КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ!
Почитувани посетители на Националниот Парк “Маврово”,
Ве известуваме дека навлегувате во заштитена зона на националниот парк во која што треба да се придржувате кон некои посебни правила на однесување.
Ј.У.Н.П. “Маврово” согласно своите законски овластувања и обврски воведува задолжително пријавување на поединци или групи кои планираат движење во овие зони на паркот.
Пријавувањето може да го извршите во просториите на туристичкиот инфо центар во Маврови Анови или преку е-маил адресата:mavrovonationalpark@gmail.com
Доколку сакате да пријавите движење на територија на НП“Маврово” по електронски пат ве молиме да ги следите следните инструкции:
Испратете пријава за вас или вашата група на: mavrovonationalpark@gmail.com а во пораката наведете датум за кој го пријавувате движењето, број на гости, листа со име и презиме на гостите, времетраење на планираната активност, реон на движење;
• За уплата на туристичка такса за престој на територија на НП “Маврово одете на линкот: www.npmavrovo.mk/tickets (цена -100 денари по лице за секој ден од вашиотпрестој на територија на паркот);
• Едно лице може да изврши уплата и за поголема група на посетители;
• Доколку пријавувате групата тогаш ќе ве замолиме да ни доставите и посебен список со информации за сите посетители кои ќе бидат со вас;
• За лицата кои своето движење во паркот ќе го пријават по електронски пат, како доказ дека поседуваат дозвола за движење и ги регистрирале своите активности ќе служи и потврдата за уплатена туристичка такса која системот на вашата електронска адреса ќе ви ја достави автоматски;
• Доказ за пријава на туристичка активност и уплататена туристичка такса може да ви биде побаран од страна на ренџерската служба или од страна на граничната полиција;
• Службитена НП “Маврово” како и претставниците на граничната полиција и МВР имаат право да не ви дозволат влез во заштитените зони на паркот во случај да не поседувате доказ за пријавено движење и уплата на туристичка такса.
Напомена:
Задолжителното пријавување за движење на територија на НП“Маврово” не важи за:
Жителите на општина Маврово и Ростуше, органите на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, како и риболовци кои поседуваат важечка дозвола за риболов.
Ве молиме за исклучително внимание за време на вашиот престој на територија на паркот со цел избегнување на несакани последици и предизвикување на пожари. Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата ве молиме истото веднаш да го пријавите на:
e-mail: mavrovonationalpark@gmail.com
тел: 042 489 425 и 042 489 019
Со почит,
Ј.У.Национален Парк “МАВРОВО”
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК “МАВРОВО”
• На територија на НП “Маврово” посебно во заштитените зони не се препорачува движење на поединци и групи без соодветна стручна придружба.
• Движењето во границите на Националниот Парк “Маврово” се врши единствено по обележани -планинарски патеки;
• Собирање на ретки видови растенија, инсекти, лов на диви животни како и загрозување на нивниот понатамошен опстанок во природата претставува кривично дело;
• Избегнувајте близок контакт со дивите животни;
• Кампувањето и палењето на огнови на места кои не се предвидени за истото е забрането.Внимавајте на опасноста од пожари;
• Пред заминување соберете го отпадот кој сте го направиле и истиот оставете го на места соодветни за тоа. Во природата нема простор за одлагање на отпад;
• Внимавајте да не излезете надвор од границите на паркот во делот на Р. Албанија и Р.Косово. Секој нелегален влез на територија на друга држава претставува кривично дело;
• Покрај другото со користењето на услугите на информативниот туристички центар на НП“Маврово”, може да побарате:
- Професионална услуга од лиценцирани локални водичи во планина и туристички водичи;
- Информации за настани, активности, сместувачки капацитети, ресторани и др.;
- Информации за НП “Маврово” – www.npmavrovo.mk и www.npmavrovo.org.mk
- Поддршка од чуварската - спасувачка служба на НП “Маврово” во случај на несреќа;
- Превземање на бесплатни GPX фајлови од сите маркирани патеки на територија на паркот на: https://npmavrovo.mk/gpx
- Други корисни информации за паркот.
Поважни телефонски броеви:
Повикувачки број за Р.Северна Македонија: ++389
Информативна Туристичка Канцеларија М.Анови: (0)42489425
Управа на НП “Маврово” - М.Анови: (0)42489019
Полициска станица с.Ростуше: (0)42478007;478003
Полициска станица с. Маврови Анови: (0)42489029
Здравствен дом с.Ростуше: (0)42478066
Број за итни случаи 112
Авто Мото Сојуз на Македонија: 196
Националниот Парк Маврово (НПМ) е лоциран во северо‐западниот дел на Република Македонија, на тромеѓето помеѓу Република Албанија, Република Косово и Република Македонија, на северна географска широчина од 410 33’01’’ до 410 52’39’’ и источна географска должина од 200 31’02’’ до 200 48’59’’, помеѓу градовите Гостивар, Дебар и Кичево. Источната граница на НПМ во северните делови се протега по било од западните падини на Шар Планина а потоа продолжува по главното било на планината Бистра. Јужната граница на НПМ, во правец исток‐запад оди долж течението на Мала Река, се до нејзиниот влив во Радика а потоа, од Бошков Мост кон запад, по билото на планината Крчин се до Македонско‐Албанската граница. Западната граница се поклопува со државната граница и се протега по билото на планините Крчин, Дешат и Кораб. Северната граница ја чинат падините на Шар Планина, кои го затвараат сливот на Радика. Површината која ја зафаќа ова заштитено подрачје изнесува 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha, според новиот начин на пресметување. Надморската височина се движи од минимум 600 m до максимум 2,764 m. Административно, територијата на НПМ припаѓа на 2 (две) општини и тоа општината Маврово‐Ростуше и општината Гостивар.
Погледнете ги специјалните понуди за околните сместувања и активности