• Добредојдовте во Националниот Парк Маврово
  • Јазик
    • English
    • Македонски
    • Shqip
    Македонски

Историјат

Статус на Заштитеното подрачје: Категорија II (Национален Парк)

Прво прогласување (1949‐1952): Врз основа на чл. 73 т. 4 од Уставот на Народна Република Македонија во врска со чл. 5 и т. 7 од Законот за Президиумот на Народното Собрание на НРМ го прогласува Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален  Парк што го донесе Народното Собрание на НРМ на седницата од 18 април 1949 година, кој гласи: “Указ за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк”  Службен весник на НРМ, бр.10 од 05. 05. 1949 година).

Според овој закон, Националниот Парк Маврово е формиран “поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели околу Мавровското Поле”. Границите на Паркот биле следните: од исток, од кота 1,310 m се качува по билото на месноста “Влаиница” преку кота 1,329 m продолжува над село Леуново и преку Сунденскиот Рид излегува на кота 1,983 m на месноста “Сандакташ”, потоа врти на југ на кота 1,955 m, продолжува до кота 1,684 m, врти на запад до кота 1,767 m, врти остро кон север до местото наречено “Крстови”, врти одново кон запад по Кичинскиот Рид до кота 1,548 m, слегува по долот на кота 1,020 m, ја преминува Мавrовска Река и се качува на кота 1,496 m, па се искачува на “Врбен” на кота 1,743 m, потоа по ридот продолжува на кота 1,794 m, врти на кота 1,740 m, слегува на друмот Гостивар‐Маврово, и продолжува по друмот кон Гостивар до кота 1,310 m. Површината на “Националниот парк Маврово” изнесува 11.750 ha. Во границите на Националниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница и Врбен.

Препрогласување (1952): На 3.07.1952 година, границите на Заштитеното Подрачје биле  начително проширени со донесувањето на Законoт за изменување на законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк (Службен лист на СФРЈ, бр. 23 од 23.04.1952 година). Со овие измени, површината на Националниот Парк била зголемена дури за шестпати, односно од 11,750 ha на 73,088 ha. Во овие нови граници биле вклучени 37 селски  населби од четирите локални предели: Мавровска Котлина, Горна Река, Мала Река и Долна Река.

Ставовите 2,3 и 4 на член 1 од Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското поле за Национален Парк се менуваат и гласат: Границата на националниот парк е: северната страна што води кон исток започнува од кота 2,015 m на Шерупа на југословенско‐албанската граница и оттаму низ безимен поток оди до кота 1,530 m, па по потокот Црн Камен до кота 1,732 m, откаде во права линија избива на кота 1,916 m. Од оваа оди право до кота 2,216 m и понатаму до тригонометарот 2,385 m на Расангул, од каде започнува источната страна што води кон југ. Од тригонометарот 2,385 m источната страна оди по сртот на Венец на Црн Камен, Фудан Лера, Морава, Димговска црква на кои места ги сече котите 2,088 m, 2,224 m, тригонометарот 2,197 m, па котите 2,150 m, 2,001 m, 1,794 m, 1,710 m и понатаму проаѓа покрај милиционерската станица на Влајница на кота 1,310 m и од оваа кота во права линија оди до тригонометарот 1,320 m, од каде  води право на Шундески Рид и избива на тригонометарот 1,983 m кај Бандакташ, па продолжува на Милишер, каде ја сече котата 1,955 m и преку сртот на Кула, Чукнитапаница (кота 1,889 m), Три гроба, кота 2,020 m, избива на тригонометарот 2,102 m на Бистра, откаде започнува јужната страна што води кон запад.

Од тригонометарот 2,102 m јужната страна оди на кота 2,024 m, па оттука преку Јаворица (кота 1,832 m) Невестинин гроб, по сртот на Јама (тригонометар 1,711 m) слегува на државниот друм Кичево‐Дебар и по овој друм оди до местото Велајца, па по Мала Река избива на Бошков мост и оттука оди до Емишица и преку котите 1,627 m и 2,255 m, стига до караулата Дели Исеиница (гранична точка 12) на Југословенско‐Албанската граница, откаде започнува западната страна што оди кон север. Целата западна граница врви по Југословенско‐Албанската граница така што од караулата Дели Исеиница ‐ преку сртот на Гол Крчин, Боливар, Иноска, Плоча, Корабска врата, Копи Бар, Кула, Зубери, Капи Џанит, избива на кота 2,015 m на Шерупа. Во границите на националниот парк влегуваат атарите на селата: Маврово, Леуново, Никифорово, Кичиница, Врбен, Богдево, Кракорница, Бродец, Жужња, Ничпур, Нистрово, Бибај, Нивиште, Грекај, Рибница, Тануше, Врбјани, Жировница, Видуша, Требиште, Битуше, Велебрдо, Ростуша, Аџиевци, Присојница, Скудрине, Сушица, Лазарополе, Тресонче, Росоки, Селце, Јанче, Галичник, Болетин, Сенце, Волковија и Беличица. Сегашна (постоечка) состојба (2011): Сегашните надворешни граници на Заштитеното Подрачје Маврово се истите, по препрогласувањето од 1952 година, опфаќајќи површина од вкупно 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha според новиот начин на пресметување. Со промената на државната граница кон Косово, во пошироката околина на локалитетот Луково Поле, помеѓу сегашната (постоечка) надворешна граница на Заштитеното Подрачје Маврово и Државната граница кон Косово, се јавува еден простор кој не е под заштита со вкупна површина од 212.7 ha.

Специјални понуди

Погледнете ги специјалните понуди за околните сместувања и активности