• Добредојдовте во Националниот Парк Маврово
  • Јазик
    • English
    • Македонски
    • Shqip
    Македонски

Информативен туристички центар

Информативниот Туристички Центар  се наоѓа во с. Маврови Анови, на главниот пат кој води во зградата на општината т.е на оддалеченост од околу 500 м. од браната во Маврово. Инфо центарот е сместен во нови простории а негова основна задача е да  прибира и ажурира податоци за туристичките капацитети во регионот, и истите точно и навремено да ги доставува до сите оние на кои истите им се потребни, а  тоа најчесто се туристи кои го посетуваат регионот, агенции, хотели, и други. Покрај ова во центарот се издаваат и разни видови на дозволи потребни за одредени активности на територијата на паркот, отворена е продавница за сувенири, се одржуваат состаноци и презентации, гостите може да добијат бесплатна интернет конекција,  може да се набават мапи за движење и уште многу други работи кои во огромна мерка го олеснуваат престојот на туристите кај нас.

Новите простории на информативниот туристички центар се отворени во мај 2010г. Центарот работи секој ден од 08ч до 18ч.

Специјални понуди

Погледнете ги специјалните понуди за околните сместувања и активности