Националниот Парк Маврово (НПМ) е лоциран во северо‐западниот дел на Република Македонија, на тромеѓето помеѓу Република Албанија, Република Косово и Република Македонија, на северна географска широчина од 410 33’01’’ до 410 52’39’’ и источна географска должина од 200 31’02’’ до 200 48’59’’, помеѓу градовите Гостивар, Дебар и Кичево. Источната граница на НПМ во северните делови се протега по било од западните падини на Шар Планина а потоа продолжува по главното било на планината Бистра. Јужната граница на НПМ, во правец исток‐запад оди долж течението на Мала Река, се до нејзиниот влив во Радика а потоа, од Бошков Мост кон запад, по билото на планината Крчин се до Македонско‐Албанската граница. Западната граница се поклопува со државната граница и се протега по билото на планините Крчин, Дешат и Кораб. Северната граница ја чинат падините на Шар Планина, кои го затвараат сливот на Радика. Површината која ја зафаќа ова заштитено подрачје изнесува 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha, според новиот начин на пресметување. Надморската височина се движи од минимум 600 m до максимум 2,764 m. Административно, територијата на НПМ припаѓа на 2 (две) општини и тоа општината Маврово‐Ростуше и општината Гостивар.
Погледнете ги специјалните понуди за околните сместувања и активности