• Добредојдовте во Националниот Парк Маврово
  • Јазик
    • English
    • Македонски
    • Shqip
    Македонски

Пештера Шаркова Дупка

About

“Шаркова дупка” се наоѓа во Општина Маврово-Ростуше, во националниот парк Маврово, блиску до зимскиот туристички центар, поточно во селото Маврово. Пештерскиот бисер е лоциран во непосредна близина на последните куќи од селото. До влезот има 10-ина минути пешачење по изградена патека и скалила. Пештерата Шаркова Дупка, која е отворена за туристите, е заштитена со железна врата и со решетки, украсена со полукружни метални скали и целосно осветлена со рефлектори. Пештерата се наоѓа на длабочина од 20тина метри од влезот во истата, широка е околу 18 метри а долга 25м. Во долниот дел од истата се наоѓа отвор кој води во уште две пештерски сали кои сеуште се недостапни за туристи. Пештерата е откриена пред повеќе од три децении од страна на локалното население кое што тогаш се плашело да влезе во неа. Според една од приказните поврзани со пронаоѓањето на пештерата, селанецот со прекар Шарко, кој живеел во непосредна близина на пештерата, прв собрал храброст. Тој исекол неколку дрва, ги спуштил во дупката и, со јажиња и со помош од соседите, успеал да влезе во внатрешноста на пештерата. Оттаму пештерската убавица си го добила името Шаркова Дупка. Покрај оваа има уште неколку интересни приказни за пештерата. Пред влезната врата е поставена табла со мапа, која ги објаснува пештерските украси и богатиот животински свет со кој изобилува Шаркова Дупка. Посетителите се спуштаат во внатрешноста на пештерата со железни полукружни скали, кои водат во првата јама или дворана, на околу 20 метри под земјата. Таму температурата е под 12 Целзиусови степени. Подземната убавица ја красат сталактити, сталагмити прекриени со корали, сливови драперии и друг пештерски накит, кој дава слика на негибната убавина. Бидејќи почвата е богата со железо, повеќето од украсите се со карактеристична црвеникаво-кафена боја. Во Шаркова Дупка има разновиден животински свет: лилјаци, пајаци, гуштери, разни видови инсекти. Пештерата е отворена за посета на организирани групи и е идеална локација за организирање на едукативни – образовни ексурзии.

Посетата во зависност од големината на групата може трае до 30 минути.

Price From

1.00

Geo Location

 Show

Contact

{}

Мапа и локација