About
Традиционалниот ресторан „Гозба“ ќе се обиде да ја продолжи традицијата, реномето и да го одржи квалитетот што во изминативе шест години беше главна карактеристика на Ресторанот “Кај тетка Вики“. Дел од тимот продолжува со нови предизвици на истото место, со поглед кон прекрасното Мавровското езеро и убавините на Националниот парк “Маврово“.
Нашата понуда веќе ја познавате - квалитетна храна подготвена на традиционаен начин според рецептите и обичаите од Мавровско-Реканскиот крај. Домашно лепче на фурна, пити, комати, качамакот и домашно приготвеното кисело млеко. Уживајте во утринското кафе или пак повелете на мезе и по една ракија. Скарата на мајстор Бојан сигурно ќе ви се допадне.
Ви стоиме на располагање, отворени сме за соработка со туристички агенции, а ја нудиме и нашата кетеринг услуга на целата територија на националниот парк Маврово.
Дојдете и уживајте!
Price From
50.00
Contact